281
Уште еден стравичен злочин во Сиднеј, после нападот на свештеник сред миса во овој австралиски град. 34-годишен маж му нанел убодни рани во главата на 35-годишен полицаец, кој обавувал сообраќајни должности во неделата, кога мажот го избодел нешто после 13 часот.
Полицаецот Елвис Поа бил нападнат зад грб. Спроед информациите, Поа заработил три убоди со нож од 30 сантиметри.
Снимките покажуваат дека неколку полицајци го бркаат напаѓачот во паркот, вклучувајќи го и повредениот Поа.
Мажот кој мавтал со ножот, барал од полицајците да биде пукано во него. Полицајците побарале да го фрли оружјето, а потоа со шокер бил совладен. Веднаш бил однесен во болница, а потоа и во полициска станица.