🎥 Илјадници луѓе го оплакуваат загинатиот ирански претседател, но има и такви кои слават

од Milan1
321 прегледи

Иранците се собираат во градовите низ земјата за да му оддадат последна почит на Раиси, откако тој загина заедно со министерот за надворешни работи на земјата кога хеликоптерот што го носеше се урна во планински регион во северозападниот дел на Иран.

Денес почнаа и обредите за погребот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и уште седуммина загинати во хеликоптерската несреќа, јавува „Би-би-си“. Првата церемонија е во Табриз во северозападниот дел на земјата, регионот во кој се случи несреќата во неделата.

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Табриз да го оплакуваат претседателот Раиси.

Телото на Раиси се очекува да биде погребано во неговиот роден град Машхад во четврток.

Британската мрежа наведува дека не сите во Иран жалат за смртта на претседателот и дека многумина „ја прославија неговата смрт на социјалните мрежи“.

Слични содржини