Командант на Хезболах со дрон убиен во либанскиот Тир

од Илинка Илиоска
291 прегледи

Израелската армија извести дека во операција во јужниот дел на Либан, успешно го елиминирала еден од водечките команданти на Хезболах.

Според официјалното соопштение, Касем Саклави, кој бил на чело на ракетните и противтенковски операции во регионот Тир, бил цел на нападот извршен со беспилотно летало на израелските сили.

Дополнително, израелските воздушни сили извршиле напади врз позиции на Хезболах во Рамија, каде што се наоѓаат ракетни бази на групата.

Од октомври минатата година, војската на Хезболах претрпела значителни загуби, со вкупно 308 паднати борци, додека напнатоста на границата со Израел продолжува да расте поради честите инциденти.

Тел Авив не престанува со своите воени акции во Газа, каде што, според извештаи, од октомври минатата година до денес, животите ги загубиле над 35.500 лица во судирите иницирани од Хамас.

Слични содржини