552
Трикратниот НБА МВП играч, Србинот Никола Јокиќ, одлучил да настапи за својата земја на престојните Олимписки игри во Париз. Јокиќ кој претходно одбиваше да игра за Србија под изговор дека е уморен, овојпат реши да го брани дресот на татковината.
Веста за Јокиќ ја носи новинарот Марко Љубомировиќ кој тврди дека Јокиќ ќе настапи на големиот турнир во Париз.
Денвер оваа сезона не стигна ниту до конференциското финале, па Јокиќ ќе има доволно време да се одмори, а потоа да се стави на располагање на српската репрезентација.