Се огласија од Русија: Столтенберг опседнат со војна, сака да ја претвори Европа во буре барут

од Nikola Popovski
355 прегледи

Пратеникот на Државната дума од Крим, член на Комитетот за безбедност, Михаил Шеремет, изјави дека повикот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг за укинување на ограничувањата за напади на руска територија е опседнатост со војна.

„Апелот на Столтенберг беше диктиран од опсесијата со војна и желбата да и се наштети на Русија по секоја цена, без размислување за можните катастрофални последици за населението на западните земји“, изјавил Шеремет за руските медиуми.

Како што додал, Столтенберг прави се за дополнително да го разгори украинскиот конфликт, истовремено претворајќи ја Европа во буре барут.

Во исто време, претседателот на меѓуетничката мисија на Крим, Заур Смирнов, смета дека изјавата на Столтенберг е обид да се заплаши Москва и да се изврши притисок во светло на успешното напредување на руската армија на фронтот.

Според него, украинската армија веќе извршува напади со западно оружје на територијата на Русија, меѓу другото и со помош на терористи.

Се огласи и портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова. Според неа, корисно е поканетите на мировнаta конференција во Швајцарија да знаат за апелот испратен од генералниот секретар на Алијансата.

Потсетуваме, генералниот секретар на НАТО, ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

Слични содржини