Триглав пензиско друштво АД ја започнува својата приказна во 2019 година како најмлад член на Групација Триглав и во системот со мисија да се позиционира како атрактивен избор за капитално финансирано пензиско осигурување на македонскиот пазар.
– И покрај многуте предизвици со кои се се соочи Друштвото од самиот почеток, Триглав пензиско друштво АД успеа да прерасне во уште една реномирана финансиска институција под брендот Триглав. Градејќи системски водена структура на делување согласно правната рамка на пазарот на КФПО, но и значајно поткрепени со групациско искуство и инфраструктура, Друштвото нуди решенија кои ќе создаваат значајна и долготрајна вредност за сите членови, за пензискиот систем во целина, како и за акционерите, вработените, соработниците и сите други засегнати страни.
Во овие пет години Триглав пензиско друштво прерасна во најбрзо растечко Друштво на пазарот. Оваа јубилејна година ја одбележува со резултати на кои сме особено горди.
Согласно официјално објавените податоци, Друштвото бележи значителен раст на пазарниот удел во сегментот на членство во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување достигнувајќи пазарно учество од околу 10%. Исто така, во областа на доброволното пензиско осигурување бележи двоцифрен раст на средствата под управување.
Во однос на сето ова, господинот Тихомир Петрески, Претседател на УО ќе изјави:
„Задоволни сме од перформансот што го имаат остварено задолжителниот и доброволниот фонд. Овие резултати друштвото ги толкува како неоспорна потврда за постигнатиот напредок во сферата на креирање на конкурентна клиентска понуда на услуги за постојното и идното членство во фондовите со кои управуваме, но и како мотив да продолжиме, посветено да креираме и обезбедуваме уникатно корисничко искуство за секој наш постоен и иден член. Остануваме посветени, со едноставни, проактивни и доверливи решенија дополнително да ја градиме довербата на членството на македонскиот пазар.“