Двајца српски планинари загинаа на Триглав во Словенија

од Симе Стоиков

Телата на двајца планинари, државјани на Србија, се пронајдени во областа на планината Триглав на Јулијанските Алпи, соопшти словенечката полиција.

Околностите упатуваат на планинска несреќа, објаснуваат од полициската управа во Крањ за словенечката новинска агенција СТА.

Нивните тела биле пронајдени вчера при систематска проверка на теренот од полициски хеликоптери.

СТА наведува дека се работи за 33-годишник и 42-годишен маж кои во саботата наутро тргнале на планинарење, но откако достигнале висина од околу 1.600 метри, паднале и од тешките повреди починале на лице место.

Слични содржини