ГЕРМАНИЈА НАТАРАЛИЗИРАЛА НАЈМНОГУ ЛУЃЕ ОД ПОЧЕТОКОТ НА ВЕКОТ: Најмногу германски пасоши добиле Сиријци, Турци, Ирачани, Романци и Авганистанци

од Vladimir Zorba
138 прегледи

Во Германија минатата година најмногу луѓе се натурализирани од почетокот на милениумот, објави во вторникот Сојузниот завод за статистика, пренесува ДПА.

Бројот на позитивно решени барања за државјанство е зголемен за 19 отсто во однос на претходната година, откако веќе во 2022 година е зголемен за 28 отсто во однос на претходната година. Вкупно, околу 200.100 странци биле натурализирани во 2023 година.

Германско државјанство добија луѓе од 157 националности. Повеќето од нив биле од Сирија, Турција, Ирак, Романија и Авганистан. Заедно добиле повеќе од половина од пасошите.

Просечната возраст на новите граѓани е 29,3 години, со што тие се значително помлади од просекот на општата популација. Со 45 проценти, уделот на жените меѓу натурализираните бил нешто помал отколку кај населението.

Претходно, сириските граѓани беа најголемата група на натурализирани лица. Само тие добија повеќе од една третина од државјанствата.

Има многу Сиријци поради големиот бран бегалци во 2014 и 2015. „Тие сега сè повеќе ги исполнуваат условите за натурализација, меѓу другото, во однос на јазичните вештини и минималната должина на престојот“, објаснуваат статистичарите.

Бројот на Украинците кои добиле германско државјанство се зголеми за шест отсто на 5.900 во 2023 година, откако речиси тројно се зголеми од 1.900 на 5.600 од 2021 до 2022 година по почетокот на војната. Натурализацијата на украинските граѓани изнесуваше три проценти од сите во 2023 година.

Слични содржини