За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова со став дека, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
– Во меѓународната политика, има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата, рече претседателката.
Таа потенцираше дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН Љубомир Фрчковски, требало да се консултира со неа, а не само со министерот.
Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.
Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што како што кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.