Путин ги предупреди НАТО и ЕУ: Си играат со оган, може да се слчучи глобален конфликт

од Илинка Илиоска
291 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин  го предупреди Западот дека членките на НАТО во Европа си играат со оган со тоа што предлагаат Украина да користи западно оружје за да напаѓа длабоко во Русија, што, според него, може да предизвика глобален конфликт.

Повеќе од две години по најсмртоносната копнена војна во Европа по Втората светска војна, Путин се повеќе зборува за ризикот од многу поширок глобален конфликт додека Западот се справува со тоа што да прави за напредувањето на руските трупи во Украина

Рускиот претседател, Владимир Путин и се закани на Европа со сериозни последици доколку на Украина и се дозволи во иднина да користи прецизно оружје со голем дострел доставено од Запад врз руска територија.

-Тие претставници на НАТО, особено во Европа и особено во малите земји, треба да разберат со што си играат, рече Путин на крајот од неговата државна посета на Узбекиста

Тој навести дека Русија може да преземе воени контрамерки и рече дека особено помалите земји не треба да заборават дека нивните територии не се големи и дека се густо населени. Путин, кој ја започна руската агресивна војна против Украина пред повеќе од две години, го обвини Западот дека продолжува со ескалацијата.

-Современите вооружени системи како што е ракетниот систем ATACMS не се управувани од украински војници, туку од висококвалификувани експерти на НАТО врз основа на податоци од сателитски извидувања, тврди тој.

Досега тоа оружје главно беше насочено кон украинската територија окупирана од Русија.

Слични содржини