Поставена хипербарна комора во Клиника „Жан Митрев“ – кислородни третмани за побрзо заздравување и регенерација на организмот

од Nikola Popovski
311 прегледи

Револуционерната терапија со 100% кислород во хипербарна комора сега е достапна во Клиника Жан Митрев. Современиот третман со вдишување чист кислород при зголемен атмосферски притисок е препорачлив за зацелување и регенерација на организмот како и за постоперативно заздравување, подобрување на спортските перформанси, на когнитивните функции, намалување на динамиката на стареење и стимулирање на долговечноста, за енергија, виталност и релаксација.

При третманот во хипербарната комора пациентот вдишува 100% кислород при зголемен атмосферски притисок и на тој начин природно се забрзува времето на закрепнување и обновување на организмот. Постапката со хипербарната кислородна терапија се одвива со помош на ороназална маска преку која се доставува кислород до секоја клетка од телото.

„Третманот во хипербарната комора е природен метод кој има улога во подобрување на физичките и когнитивните перформанси и се поврзува со повеќе болести и здравствени состојби. Во нормални услови, клетките апсорбираат само 25% кислород, а внатре во хипербарната комора, притисокот го принудува кислородот во белите дробови, крвотокот и клетките, да ги зголеми стапките на апсорпција во клетките. На сите ткива им треба идеално снабдување со кислород за правилно функционирањеПовреденото ткиво бара повеќе кислород за да се обнови и регенерира, така што хипербаричната кислородна терапија ќе го зголеми количеството кислород што го носи крвта за да ги врати потребните нивоа на гасови во крвта и да ја обнови функцијата на ткивата“, вели д-р Александра Лазаревска.

Хипербарната терапија може да се користи како единствен третман или во комбинација со други медицински конвенционални или алтернативни начини на лекување. Позитивните ефекти од ваква кислородна терапија се видливи при повеќе здравствени состојби и болести како аутизам, при трауматски повреди на мозокот, мозочни удари, невролошки пореметувања, спортски повреди на коските и мускулите, по оперативни зафати, во пластичнатахирургија, за смирување на воспаленија, дијабетес, церебрална парализа, антиејџинг, канцер, итн.

Со зголеменото снабдување на клетките со кислород се подобрува енергетското ниво, се смируваат воспалителните процеси, се зголемува клеточниот метаболизам и се подобрува имуниот систем.

Слични содржини