Новак Ѓоковиќ забележа речиси неворојатна победа на Ролан Гарос. и покрај повредата на коленото успеа да го победи Франциско Черундоло од Аргентина, со 3-2 во сетови.
Ѓоковиќ поради лошата форма, но и повредите, сè уште е без трофеј оваа натпреварувачка година, а патот до финалето во Париз му е полесен откако Медведев сензационално загуби од Алекс де Минор.
Ѓоковиќ веројатно многу полесно и побрзо ќе ја завршеше денешната задача доколку не се повредеше на стартот од вториот сет. Претходно, одигра доминантно во првиот сет, кој го доби со убедливи 6-1. Потоа следуваше мал пад во неговата игра и беше јасно дека чувствува непријатност во пределот на десното колено. Поради тоа беше принуден да повика медицински тајм-аут за да добие помош.
По укажната лекарска помош, Ѓоковиќ го загуби сетот и Черлундо со 7:5 израмни на 1:1. Во третиот сет можеше да се забележи тешкото движење на Новак, а Аргентинецот тоа знаеше да го искористи и го доби сетот со 6:3 за водство од 2:1. Најдобриот светски тенисер во третиот сет како да заборави на болките и со една лавовска борба израмни на 2:2 со сетот кој се решаваше во тај-брејк. Одлучувачкиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:3 откако направи брејк при 2:0 и успеа да го задржи до крајот.
Во четвртфиналето Ѓоковиќ ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Фирц и Руд.