Две лица се уапсени во Урошевац, осомничени се за соработка со српската БИА

од Илинка Илиоска
470 прегледи

Косовската полиција денеска во Феризај уапси две лица кои се осомничени за шпионажа и соработка со „БИА“ на Србија. Според кососвките медиуми, станува збор за осомничените Бедри Шабани и Мухарем Ќерими.

Акцијата која ја води Управата за тешки кривични дела на косовската полиција продолжува. Се врши претрес на имотот на осомничените.

Тие се осомничени дека долги години соработувале со српските разузнавачки структури. Еден од уапсените бил царински службеник во периодот 90-99 година, додека по војната продолжил да ја врши функцијата цариник во периодот на администрацијата на УНМИК на Косово.

 

Слични содржини