Германските пивари очекуваат поголем профит од продажбата на безалкохолно пиво за време на Европското фудбалско првенство.
„Најпопуларни се пилснер и лајт, но љубителите на фудбалот сè почесто пијат безалкохолно пиво“, изјави претседателот на Здружението на германски пивари, Холгер Ајкеле, пренесе ДПА.
Во последните 10 години, ниту еден сегмент во пивската индустрија немал толку силен плус како безалкохолните и мешаните пива, изјави Ајшеле за Rheinische Post.
„Затоа безалкохолните пива имаат зголемено економско значење за германските пиварници“, додаде тој.
Во моментов, рече тој, овие пива имаат пазарен удел од над седум отсто, а наскоро секое десетто пиво произведено во Германија ќе биде безалкохолно.
Европското првенство што почнува следната недела во Германија може да биде голема шанса за пиварската индустрија, но и за гастрономијата и туризмот.
Големите фудбалски турнири веќе покажаа, рече Ајкеле, дека тогаш во лето се пие повеќе пиво од вообичаено.
За време на ЕП, вели тој, нема да има недостаток на пиво бидејќи „магацините се полни“.