🎥 Објавен е аудио разговор меѓу службеникот на БИА и осомничениот за шпионажа, Бедри Шабани

од Илинка Илиоска
1,1K прегледи

Објавена е аудио снимка на која се слуша како разговараат Срѓан Росиќ и Бедри Шабани. Иако аудиото во некои делови е цензурирано, јасно се разбира дека Бедри Шабани, осомничен дека е соработник на српската разузнавачка служба, бара БИА да му помогне нему и на неговите луѓе да завршат работа.

“Што мислиш? Ќе ги прашате вашите, дали да го одложат ова или ќе спијат?“, му рекол Шабани на службеникот на БИА.

Во меѓувреме Росиќ му вели дека „ќе го одложат, ама малку се… чекаат да се разбудат…“

Понатаму, Шабани вели дека тоа треба да се направи на овој начин, некој друг индиректно да го малтретира, а потоа да му ставиме бензин и тој уште повеќе да се запали“.

Срѓан Росиќ во 90-тите живеел во Урошевац додека бил ангажиран како офицер во српската тајна служба.

Неговото име беше споменато и во случајот на судскиот процес против Слободан Милошевиќ во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг.

Во записникот од едно од судските рочишта на 22 септември 2005 година, сведок кој бил полицаец на српскиот СУП (Секретаријат за внатрешни работи) е прашан дали го познава Срѓан Росиќ.

Тој одговара дека Срѓан Росиќ во тоа време (т.е. 80-тите и 90-тите години) бил оперативен вработен во Службата за државна безбедност за феризајскиот регион.

Синот на еден од уапсените за шпионажа во Косово ја правел изборната кампања на Африм Гаши

 

Слични содржини