Седум германски компании се на новата листа од околу 100 надежни стартап компании во технолошката индустрија. САД се на прво место со убедливо најголем број компании на листата. Следуваат Кина, Индија и Германија, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Германските компании ги вклучуваат ConstellR од Фрајбург, HelloBetter од Хамбург, Made of Air од Берлин, Marvel Fusion, Prokima Fusion и UNIO Enterprise од Минхен, како и Plan QC од Garhing, според списокот претставен во четвртокот од Фондацијата Светски економски форум. (WEF).
Списокот вклучува повеќе од 35 компании од САД, 11 од Кина и 10 од Индија. Компаниите на листата се од вкупно 23 земји, меѓу кои Израел, Бразил, Кенија и Египет. Третина ја водат жени, се наведува.
Многу стартапи применуваат вештачка интелигенција за да ги решат проблемите во енергијата, здравството, биотехнологијата, вселената и невротехнологијата, соопшти WEF.