Урсула фон дер Лајен гласаше на изборите: Да ја направиме Европа, нашиот заеднички дом

од Milan1
257 прегледи

Актуелната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која се кандидираше за втор мандат, денеска во Германија гласаше на изборите за Европскиот парламент.

„Да ја покажеме силата на нашата демократија. Да ја направиме Европа, нашиот заеднички дом, посилна од кога било“, порача Фон дер Лајен на својот профил на социјалната мрежа Х, пренесува Танјуг.

Фон дер Лајен е водечки кандидат на централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) за претседател на Европската комисија, што значи дека гласачите на изборите за Европскиот парламент не можат директно да гласаат за неа, туку индиректно ќе влијаат дали таа ќе биде избрана како следен мандат.

Доколку ЕПП освои најмногу гласови на изборите, очекувано, оваа партија ќе може да го предложи Фон дер Лајен за нов мандат.

Слични содржини