Лавров: Растот на БРИКС е показател за создавање мултиполарен свет

од Илинка Илиоска
710 прегледи

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров денеска изјави дека проширувањето на БРИКС е јасен показател за создавање мултиполарен свет и изјави дека БРИКС активно работи на развој на платформа за плаќања во национални валути.

„Во тек е активна работа за спроведување на одлуките од самитот во Јоханесбург минатата година, особено во однос на подобрувањето на меѓународниот монетарен и финансиски систем, развојот на платформа за порамнување во национални валути во меѓусебната трговија“, рече Лаворв на состанок на министрите за надворешни работи на членките на БРИКС во Нижни Новгород.

Тој посочи дека проширувањето на БРИКС е јасна потврда за процесот на создавање мултиполарен светски поредок, пренесува „Известија“.

Слични содржини