25,5K
Силен град го оштети авионот на „Аустриан ерлајнс“ кој во неделата летал од Палма де Мајорка за Виена. „Аустриан Еарлајнс“ потврди дека нивниот авион Ербас А320 бил оштетен од град на летот од Палма де Мајорка до Виена во неделата.
Авионот бил фатен во невреме со грмотевици недалеку од Виена, а тоа не било видливо на метеоролошкиот радар, барем според пилотите. Градот ги оштетил прозорците на пилотската кабина и носот на авионот.
За среќа, пилотите успешно слетале на аеродромот во Виена, Швехат и немало повредени, пишува „Times Now“.
Словенечкиот метеоролошки портал „Neurje.si“ објави фотографии од оштетениот авион. Тие наведуваат дека авионот прелетал директно низ една од бурите на суперќелиите, пренесува „Дневник.хр“.