Претставници на националниот парк Мљет денеска соопштија дека добиле неколку пријави дека на каналот Мљет меѓу Полач и Трстеник бил виден кит.
Тие изјавија дека немаат повеќе информации за китот, ниту пак знаат за каков вид се работи.
Заедно со објавената фотографија, Националниот парк Мљет упати апел до локалното население и туристите доколку видат кит, да не му приоѓаат со чамци.