Со пукање во близина на кафулето Хард Рок во центарот на Атланта (САД) ранети се 4 лица, потврди полицијата. Според информациите од полициската управа на Атланта, едно од застреланите лица е осомничениот вооружен напаѓач.
„Сите застрелани се свесни и дишат“, соопшти полицијата.
Според началникот на полицијата во Атланта, 34-годишен маж влегол во ресторанот со пиштол и започнал расправија со друг маж. Осомничениот вооружен напаѓач, кој е осуден криминалец, пукал во човекот, а потоа ранил уште 4 лица.
Полицаец кој не бил на должност се соочил со осомничениот и пукал во него, со што завршил инцидентот.
Повредени од напаѓачите се 47-годишен маж од Грејсон, 69-годишна жена од Ист Поинт и 70-годишна жена од Атланта. Не се знае дали повредените жени имале некаква врска со инцидентот.
Шефот на полицијата рече дека осомничениот вооружен напаѓач бил апсен најмалку 11 пати и дека е лице кое никогаш не требало да поседува пиштол.
🚨#BREAKING: Numerous law enforcement officers are on the scene after multiple people were shot at the Peachtree Center Mall⁰⁰📌#Atlanta | #Georgia
Currently, numerous law enforcement and emergency personnel are on the scene at the Peachtree Center Mall, which is on lockdown… pic.twitter.com/ORFgdh37F6
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) June 11, 2024