Специјалното обвинителство во Тирана официјално побара казна од вкупно 93 години затвор за 11 лица обвинети за шверц на 485 килограми кокаин од Колумбија, преку пристаништето Бар до албанскиот град Фиера.
Дрогата беше запленета есента 2022 година, а беше испорачана од Колумбија преку пристаништето Бар. РТЦГ потсетува дека црногорската полиција била дел од акцијата во која била разбиена таа криминална група.
Кокаинот бил пренесен од Колумбија преку пристаништето Пиреја, во Грција, до пристаништето Бар, во Црна Гора. Потоа по копнен пат бил пренесен во Албанија.