За работниците кои доаѓаат во Германија надвор од ЕУ, животот е значително поскап отколку дома. Во некои земји, трошоците за живот се речиси 70 отсто пониски.
Според податоците на Германскиот сојузен завод за статистика, трошоците за живот во Индија и Египет во 2021 година биле за 67 отсто пониски отколку во Германија. Во Грузија, Виетнам и Тунис стоките и услугите чинат 60 отсто помалку отколку во таа земја. Во САД, пак, трошоците за живот биле повисоки за седум проценти.
Трошоците за живот се значително помали и во балканските земји. Во Македонија цените се за половина пониски од Германија, потоа БиХ и Албанија (41 отсто пониски) и Србија (39 отсто пониски).
По Египет, Тунис (60 отсто) беше најевтин на африканскиот континент во споредба со Германија, а потоа следат Гана и Сенегал, каде што трошоците за живот беа речиси половина поевтини од Германија. Живеењето во Мароко е поевтино за 44 отсто.
Работниците во Виетнам, исто така, живееле значително поевтино отколку во Германија (60 проценти), а квалификуваните работници од Тајланд и Филипините имале приближно половина од трошоците за живот дома. Во Кина, пак, нивото на цените беше пониско за 24 отсто.