🎥 Пронајдени остатоци од авион што исчезна со патници пред 53 години?

од Milan1
19,5K прегледи

После 53 години откако приватен авион со пет лица исчезна во американската сојузна држава Вермонт, експертите веруваат дека ги пронашле остатоците во езерото Шамплејн. Авионот исчезнал набрзо по полетувањето од аеродромот во Бурлингтон за Провиденс, Род Ајленд на 27. јануари 1971 година.

Во леталото имало двајца членови на екипажот и три лица вработени во развојната компанија со седиште во Џорџија, кои работеле на развоен проект. Првичните пребарувања по авионот Џет Командер со 10 седишта, не открија остатоци и езерото замрзна четири дена по несреќата.

Имаше многу пребарувања во овој период, а подводниот истражувач Гери Козак и неговиот тим со помош на далечински управувач ги пронашле остатоците во езерото, на 60 метри длабочина во езерото. Над езерото биле последните контакти со авионот.

„99% сме сигурни дека тоа се остатоците“, рече Козак.