Запленет кокаин вреден повеќе милијарди евра во Германија

од Milan1
449 прегледи

Германските истражители извршија рација во седум сојузни држави и запленија кокаин вреден милијарди евра. Истражителите рекоа дека тоа е „најголемата заплена на кокаин“ во Германија. Запленети се десетици тони дрога, а седум лица се уапсени.

Рациите беа извршени во Северна Рајна-Вестфалија, Баварија, Берлин, Бранденбург, Хамбург, Хесен и Долна Саксонија.

Засега не се познати повеќе детали, ниту пак кој е приведен.

Државното обвинителство во Дизелдорф во поканата за прес-конференцијата наведува дека тема ќе биде „заплената на десетици тони кокаин во вредност од неколку милијарди евра, што доведе до апсење на седум лица“.

Станува збор за, како што наведоа, резултатите од операцијата со кодно име Плексус, која ја извел заеднички тим царински и полициски инспектори за наркотици од Штутгарт, Карлсруе и Северна Рајна Вестфалија.

Слични содржини