Остин: Путин не е во позиција да бара мир од Украина

од Илинка Илиоска
708 прегледи

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не е во позиција“ да бара Украина да ја прекине војната.

„Тој не е во позиција да ѝ диктира на Украина што треба да направат за да воспостават мир“, изјави Остин за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Претходно денеска Путин изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите региони на Русија и да се откаже од намерата да влезе во НАТО за да започнат мировните преговори.

Слични содржини