Две третини од Украинците сметаат дека Зеленски треба да остане на функцијата претседател

од Milan1
239 прегледи

Две третини од Украинците мислат дека Володимир Зеленски треба да остане претседател до крајот на вонредната состојба, покажуваат резултатите од истражувањето на Меѓународниот институт за социологија во Киев (КМИС), спроведено како дел од проектот „Мобилизирај“ на крајот на мај.

Во извештајот се наведува дека 70 отсто од испитаниците веруваат дека Зеленски треба да остане претседател до крајот на вонредната состојба, додека 22 отсто се изјасниле против.

„Во зависност од регионот на живеење, 65-74 отсто од испитаниците се согласуваат со ова, односно огромното мнозинство Украинци не го доведуваат во прашање легитимитетот на претседателот“, се наведува во извештајот, а пренесува Укринформ.

Слични содржини