Саудискиот производител на недвижнини Al-Othaim Investment најави нов проект за изградба на брод за крстарење кој би требало да биде град во град.
Проектот наречен „Al-Othaim Cruise Hall“ ќе биде изграден на вкупна површина од 77.000 метри квадратни и ќе вклучува трговски центар, 276 станбени единици, 16 луксузни апартмани и области за забава.
تجسيداً لالتزامنا بتقديم مشاريع استثنائية تثري تجاربكم وترسي معايير جديدة للتميز والترفيه، يسرنا في #العثيم_للاستثمار أن نطلق معكم مشروع #العثيم_كروز في مدينة حائل.
ويضم المشروع مول تجاري نوعي وفندق عالمي بمواصفات 5 نجوم و276 وحدة سكنية و16 قصر فخم، ومساحات ترفيهية فريدة. pic.twitter.com/0tLd3mprA3— شركة عبدالله العثيم للاستثمار (@AlOthaiminv) June 16, 2024
Планираниот хотел на бродот ќе содржи 120 соби и 156 апартмани и деловни простории на шест ката.
На тој брод ќе бидат вработени 4.000 млади мажи и жени од Саудиска Арабија, соопштија од компанијата.
Исто така, се предвидува дека новиот развој значително ќе придонесе за одржлив развој, постигнување на целите на Визија 2030 и зајакнување на позицијата на Саудиска Арабија како водечки светски инвестициски центар.
Кога станува збор за капацитетот, беше најавено дека овој вид на крстарење ќе може да прими до 50.000 патници и 25.000 автомобили.