Европската Унија е таа која препорачува да се укине балансерот, алатката која одредува вработување државни службеници по етничка припадност, изјави денеска мандатарот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање дали ќе се прекине со употреба на таа можност. Тој потсети дека препораката на ЕУ е следствено на скрининг процесот којшто е веќе направен.
„И ако тие велат дека треба да се укине, тогаш што ни преостанува. Не ни преостанува ништо друго освен да работиме согласно препораките коишто доаѓаат од самата ЕУ. Тоа е резултат од скрининг процесот, рече Мицкоски, додавајќи дека земјава треба да напредува согласно компетенции, а не според пол, етничка или верска припадност.
На новинарско прашање, пак, дали од коалицијата „Вреди“ добил позитивно мислење за поставување на министерот од ДПСМ Иван Стоиљковиќ, повтори дека вчера се произнесол по тоа прашање, при доставувањето на предлогот и програмата за состав на Влада во Собранието, не сака да се дефокусира јавноста од вистинските теми.