🎥Член на криминалниот Шкаљарски клан загина во експозијата во Цетиње

од Илинка Илиоска
361 прегледи

Две лица загинаа, а три лица се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, во близина на Спортскиот центар, јавуваат црногорските медиуми.

Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен и дека истрагата е во тек, јави подгоричкиот портал Вијести. Според неофицијални информации, на самото место е убиен П.К., член на криминалниот Шкаљарски клан, додека уште едно лице потоа им подлегнало на повредите.

Црногорските медиуми објавија дека три лица се повредени и се пренесени во болницата во Цетиње, меѓу кои и една постара жена.

Затворени се улиците околу Спортскиот центар, а на местото на настанот е и градоначалникот Никола Ѓурашковиќ.

Експлозија одекнала утрово по девет часот пред влезот во Спортскиот центар, искршени се стаклата на зградата на Спортскиот центар и откорнато е дрво.

 

Слични содржини