Министерот за внатрешни работи на Франција: Можни се големи тензии на денот на изборите

од Milan1
262 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Франција Жералд Дарманен изјави денеска дека се можни „многу големи тензии“ на денот на првиот круг од вонредните парламентарни избори, но оцени и дека нема ризик од терористички напади.

„Можно е да има исклучително големи тензии“, изјави Дарманен за француското радио „РТЛ“.

Тој рече дека властите се подготвуваат за „силно запалива“ ситуација за време на гласањето во недела, на 30 јуни, што е на помалку од еден месец пред почетокот на Олимписките игри во Париз.

Слични содржини