Анкета: Германците стравуваат дека дезинформациите би можеле да ја загрозат Европа

од Milan1
121 прегледи

Речиси три четвртини (72 отсто) од Германците сметаат дека кампањите за дезинформација, кои се водат од странство, се голема или многу голема опасност за демократијата во Европа, пренесува германската новинска агенција (dpa).

Само 24 отсто од учесниците во истражувањето спроведено од агенцијата Форса за списанието „Internationale Politik“ изјавиле дека таквите кампањи претставуваат мала или воопшто не претставуваат опасност.

Истражувањето покажа дека жителите на источните делови на Германија ги гледаат дезинформациите како нешто помалку опасни од луѓето во западниот дел на земјата – 67 отсто ги оцениле како опасни или многу опасни на исток додека на запад, 75 отсто.

Во исто време, 30 отсто од жителите на истокот сметаат дека овие кампањи се помалку опасни или дека опасноста не постои, додека на запад ова мислење го делат 24 отсто.

Пред септемвриските избори во источните германски покраини, претседателските избори во САД во ноември и изборите за Бундестагот во 2025 година, експертите и политичарите предупредуваат дека, на пример, Русија или Кина ќе се обидат да влијаат врз нив со дезинформации на социјалните мрежи.

Кога станува збор за партиските афинитети, забележливо е дека симпатизерите на владејачките партии ја гледаат опасноста поголема од просечната.

Дури 90 отсто од приврзаниците на социјалдемократската СПД и Зелените сметаат дека оваа опасност е голема или многу голема, а уделот на гласачите на владејачката либерална ФДП е исто така 88 отсто.

Над германскиот просек, со 80 проценти, ова верување го делат и приврзаниците на опозициските демохристијани.

Спротивно е случајот со гласачите на екстремно десничарската Алтернатива за Германија (AfD), каде што само малцинство од 42 отсто веруваат дека кампањите за дезинформација се опасни, а сите други сметаат дека се помалку опасни, односно безопасни.

Слични содржини