Илјадници фудбалски фанови значително ја зголемија продажбата во бистриата на Германската железница (Дојче Бан) во првата недела од Европското фудбалско првенство. Вкупно од 14 до 19 јуни се продадени 44.588 литри пиво, двојно повеќе од вообичаеното. Германските железници ги потврдија овие бројки, кои прв ги објави „Билд ам Зонтаг“, пренесува германската новинска агенција (dpa).
Особено популарен бил колбасот (Bratwurst), кој бил нарачан дури 7.105 пати, со што е забележан раст на продажбата од 63 отсто. Железницатаимаше повеќе од три милиони патници на возовите ICE и IC во првата недела од турнирот во Германија.
Сепак, железницата напомена и дека имало повеќекратни прекини или прекини на сообраќајот на важни релации за што „ДБ сака да им се заблагодари на сите навивачи за трпението и претпазливоста“.
За ДБ работат околу 150.000 вработени, се вели во соопштението на компанијата.