Двајца жители на Кочани осомничени за незаконски археолошки ископувања: Откриени сребрени монети и стари прстени

од Илинка Илиоска
116 прегледи

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против двајца жители на Кочани, осомничени за незаконски археолошки истражувања во атарот на село Очипала, делчевско. Според Министерството за внатрешни работи, В.К. (53) и М.И. (59) започнале истражувања и проучувања без дозвола, со цел да откријат и ископаат вредни предмети.

В.К. е обвинет за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ и „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. М.И. се соочува со обвинение за „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Според соопштението од МВР, полициските службеници ги запреле пријавените и при преглед на возилото, пронашле и одзеле опрема и алати за археолошки истражувања и ископувања. Кај М.И. биле пронајдени осум сребрени монети, додека кај В.К. биле откриени четири стари монети и два стари прстени.

Со извештај од Управата за заштита на културното наследство, било утврдено дека четирите монети и двата прстени пронајдени кај В.К. претставуваат добра под привремена заштита, додаваат од МВР.

Слични содржини