Во пресрет на Weekend Media Festival: Претставени нови имиња на овогодишната програма кои гарантираат најголем Weekend досега

од Vladimir Zorba
53 прегледи

Традиционалното дружење во пресрет на септемвриското издание на Weekend Media фестивал се одржа синоќа на видиковецот во паркот Максимир. Покрај добрата забава и кавлитетниот networking, на дружењето беа претставени нови предавачи и панелисти, а многубројни познати лица како: Антонија Блаче, Зоран Шпрајц, Мија Ковачиќ, Андрија Јарек, Дамир Кедже и Андреа Андраши имаа можност да слушнат од прва рака што нè очекува на Викенд.17 фестивалот.

Weekend ќе се одржи од 19 до 22 септември под генерално покровителство на Адрис група, и повторно ќе биде централно место за собирање на регионални професионалци од светот на медиумите, комуникациите и бизнисот. По големиот успех на првото издание, HR.Weekend се враќа во Ровињ во уште поголемо и бројно издание. Голема новост е и првиот AI Weekend, фестивал кој ќе ги собере сите кои сакаат да дознаат повеќе за примената на вештачката интелигенција во бизнисот. Weekend.17 не треба дополнително да се претставува затоа #skipintro и погледнете кој сè доаѓа!

Предавачот и писателот Томас Ериксон, автор на хит-книгата „Опкружени со идиоти“, едно од клучните имиња на овогодишниот програм на Weekend.17, ќе им ги разјасни дилемите на публиката околу комуникацијата и како ефикасно да соработуваат во деловната, но и во приватната средина.

Али Фенвик, ѕвезда на социјалните мрежи познат како „Модерен психолог“ кој го следат милиони луѓе и автор на бестселерот „Црвени знамиња, зелени знамиња“, во Ровињ ќе ја приближи темата за хуманизација на вештачката интелигенција. Фенвик се залага наместо зголемување на продуктивноста, ефикасноста и намалување на трошоците, фокусот да биде на човечкиот фактор во равенката на вештачката интелигенција. Хуманизацијата на вештачката интелигенција долгорочно може да го подобри нашето работење, правејќи нè префериран избор за клиентите и за вработените.

За домашната филмска сцена ќе зборува прославениот режисер, актер и сценарист Драган Бјелогрлиќ, а во крими серијалите ќе нè воведе Андрија Јарек, уредник на емисијата Досјеи Јарек. Поврзаноста на мозокот и технологијата ќе биде тема на д-р Тарек Самада, меѓународно признатиот невронаучник, познат и како „Доктор мозок“, додека за среќата ќе ни зборува никој друг туку професорот за среќа, Микаел Дален.

Пит Радович ќе нè воведе зад кулисите на Super Bowl, најголемиот медиумски спектакл во светот, додека Ида Пандур ќе се врати на темата за која се зборуваше на Weekend во 2021 година, преку предавање „Воскреснување на Веб 3.0“. Во спротивните агли ќе се најдат Димитрије Трбовиќ и Јурај Шебаљ, дискутирајќи за парадигмата на односите помеѓу автомобилите на струја и на фосилни горива, додека американскиот новинар и критичар Боб Гарфилд ќе објасни зошто сите (медиумите) – сме во банана!

Но, тоа не е сè

Освен веќе најавените фестивали AI Weekend и HR.Weekend, овогодишниот Weekend Media фестивал ги отвора видиците и на подрачјето на финансиите, па така саботата ќе биде резервирана за Finance Weekend Track, во соработка со хрватската софтверска компанија Farseer. Овој нов момент на фестивалската програма носи длабока расправа за најновите трендови, иновациите и предизвиците кои го обликуваат финансискиот сектор. Со богата програма, Finance Weekend Track ќе ги собере клучните играчи на финансиската сцена, вклучувајќи го Луис А. Сека, директорот на RiskLab од Торонто, Борис Вујчиќ, гувернерот на Хрватската народна банка, Зоран Станковиќ, финансиски директор на Атлантик Група, Матија Ковачевиќ, финансиски директор на Хрватски Телеком, Матија Накиќ, извршен директор и сосновач на компанијата Farseer, и многу други.

Но, кога ќе се исклучат светлата на салите, забавата и дружењето продолжуваат на најдобрите журки, а прво најавеното име со своите битови сигурно ќе ја подигне на нозе Старата фабрика за тутун. Како шлаг на тортата во Ровињ доаѓа светски познатиот холандски DJ со успешна кариера во хаус музиката – Феде Ле Гранд, на прославата на 15-тиот роденден на CineStar Channels. CineStar Channels се водечки 7 филмски канали кои се емитуваат во 9 држави и оваа есен на Weekend media фестивал одбележуваат 15 години постоење.

Вчерашното дружење во Максимир е само назнака за она што нè очекува во Ровињ, а веќе првите објавени имиња гарантираат незаборавен Weekend. Сите новости за фестивалот, како и за котизациите и сместувањето можете да најдете на веб-страницата и друштвените мрежи на фестивалот: Instagram, Facebook, LinkedIn.

Слични содржини