Шпанскиот парламент ја отфрли иницијативата за признавање на Косово

од Илинка Илиоска
77 прегледи

Со 25 гласа за, 293 против и 27 воздржани, шпанските пратеници ја отфрлија иницијативата за признавање на независноста на Косово од Шпанија.

Иницијативата беше претставена пред шпанскиот парламент од партијата Junts per Catalunya (Заедно за Каталонија), која ја предводи Карлес Пуџдемон. а пред неколку дена се одржа собраниска расправа за тоа . Во дописот што оваа партија го достави до Собранието, се споменува и одлуката на Меѓународниот суд на правдата, кој во 2010 година изјави дека прогласувањето на независноста на Косово не е во спротивност со меѓународното право.

Се споменуваше и фактот дека Косово е признаено од повеќе од 100 земји.

„Шпанското одбивање да признае земја која го искористила своето легитимно право на самоопределување е пречка за европската политика за интеграција на Западен Балкан во Европската Унија. И ова отфрлање е дестабилизирачки фактор во оваа област, во контекст обележан со војната во Украина, која овој дел од Европа ја доживува со особена вознемиреност“, се вели во предлогот.

Шпанија е една од петте земји на Европската унија која сè уште не ја признава независноста на Косово.

Како што пишува РСЕ, се верува дека главната причина за непризнавањето на државата Косово од страна на Шпанија е поврзана со шпанската позиција против аспирациите североисточниот регион, Каталонија, за да стане независен.

До сега имаше неколку неуспешни обиди да се одвои од Шпанија, додека официјален Мадрид остро се спротивстави на овој потег

Слични содржини