Оваа земја е меѓу најголемите светски загадувачи со пластика, од идната година ја забранува пластиката за еднократна употреба

од Milan1
23 прегледи

Нигерија оваа недела ја забрани употребата на пластични производи за еднократна употреба во владините канцеларии. Но, ова е само увертира за забраната на национално ниво што треба да стапи на сила во јануари следната година за да се намали зависноста на земјата од пластика.

Нигерија произведува околу 2,5 милиони тони пластичен отпад годишно. Меѓутоа, многу поголем проблем од самата количина е начинот на управување со тоа ѓубре. А имајќи предвид дека над 70% од пластичниот отпад не се рециклира, тоа значи дека се управува неодговорно и неодржливо.

Повеќето пластика завршуваат на депонии, каде што фрлените пластични производи може да завршат во реките, езерата, лагуните и океаните.

Tоа всушност и се случува: Нигерија е една од 20-те земји кои се колективно одговорни за 83% од пластиката во океаните, според Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО).

Многу заедници на бреговите немаат вграден систем за собирање отпад, па ѓубрето навистина нема каде да оди, освен во океанот. УНИДО проценува дека над 200.000 тони нигериски пластичен отпад завршува во Атлантикот годишно.

Голем предизвик во оваа африканска земја се пластичните кеси за вода. Како што беше истакнато во едно истражување, во Нигерија за само еден ден се користат и фрлаат над 60 милиони од овие кеси, кои наликуваат на пакувањата со млеко кои некогаш беа популарни кај нас.

Пластичните кеси за вода се на списокот на производи кои ќе бидат забранети од 2025 година. Покрај нив, забранети се и прибор за јадење за еднократна употреба, сламки и пластични шишиња.

Најнаселениот град во Нигерија, Лагос, истото го направи во јануари годинава, кога беше објавена забрана за користење и дистрибуција на стиропор и друга пластика за еднократна употреба, која автоматски почна да се применува.

Борбата против пластиката трае со години, па Нов Зеланд, Индија, Канада и Кенија се само некои од земјите кои веќе забранија одредени пластични производи, а Обединетите нации објавија голем меѓународен договор за ставање крај на глобалното загадување со пластика на исто ниво со Парискиот договор.

Повеќето пластика се произведуваат од фосилни горива и за време на производството се ослободуваат големи количини на гасови кои ја загреваат атмосферата. Со самото тоа со намалената употреба на пластика не само што се намалува загадувањето туку и позитивно се влјае врз климатските промени.

Слични содржини