Мислела дека е чекан, со рачна граната 20 години кршела ореви

од Milan1
167 прегледи

Постара жена во Кина користела рачна граната 20 години за да крши ореви и да кова клинци зашто мислела дека е чекан.

„Користев граната за мелење црвен пипер, кршење ореви и за клинци“, признала бабата Чин.

Таа скоро го прослави својот 90-ти роденден и покрај тоа што користела рачна граната за да удира ореви и да забива клинци во ѕид во последните 20 години, објави во четвртокот „South China Morning Post“.

Чин ја пронашла гранатата додека работела на својата фарма во округот Хуангбао, па ја помешала со чекан бидејќи обликот на експлозивната направа ја потсетувал на таа секојдневна алатка.

За среќа, иако со текот на времето ја оштетила главата на гранатата, не се случила трагедија, а со што удирала сите тие години, сфатила дури минатата недела кога работниците на нејзината руинирана куќа препознале што всушност држи во рацете.

Откако работниците ги алармирале надлежните органи, полициската станица Хуангбао веднаш го испратила на терен персоналот на единицата за деактивирање и уништување експлозивна направа.

Слични содржини