Проруски монах избран за нов патријарх на Бугарската православна црква

од Илинка Илиоска
78 прегледи

Ѕвоната во храмот на Александар Невски во центарот на Софија го најавија изборот на новиот патријарх, кој доби поддршка од 69 делегати на црковниот собор, додека митрополитот Григориј беше поддржан од 66 делегати, пренесе агенцијата БТА.

Патријархот се избира доживотно, освен ако не се пензионира.

На чело на Бугарската православна црква, Даниил Видински го наследи патријархот Неофит, кој почина во март на 78-годишна возраст, откако 11 години ја водеше црквата.

Новиот бугарски патријарх се смета за проруски настроен и тој застана на страната на Московската патријаршија во спорот со Вселенскиот патријарх во врска со независноста на Украинската православна црква, пренесе АП.

Даниил го критикуваше и протерувањето минатата есен на еден Русин и двајца белоруски свештеници обвинети за шпионирање за Москва.

Патријархот Даниил (52), роден Атанас Николов, студирал теологија во Софија, а потоа се замонашил во манастирот.

Тој припаѓа на првата генерација млади Бугари кои се приклучија на црквата по падот на комунизмот.

Слични содржини