Најбогатиот човек во Азија ја предводеше церемонија на колективно венчавање на сиромашни парови

од Milan1
44 прегледи

Најбогатиот човек во Азија, индискиот милијардер Мукеш Амбани денеска ја предводеше церемонија на колективната венчавка на 52 финансиски загрозени парови, додека во јули ќе го венчава својот син.

Амбани (67), сопственикот на компанијата „Reliance Industries“, учествуваше со семејството на церемонијата со околу 800 гости, во просториите на компанијата во Мумбаи.

– Секоја двојка доби златен и сребрен свадбен накит, 1.200 долари во готовина и намирници доволно за една година, соопшти компанијата, додавајќи дека Амбани е посветен на социјалната заштита и поддршката на заедницата и дека ќе продолжи да организира такви свадби низ Индија.

Помладиот син на Мукеш Амбани, Анант и неговата свршеница Радика Мерчант треба да се венчаат на тридневна хинду церемонија во Мумбаи, која ќе започне на 12 јули.

Во февруари се одржаа предсвадбени веселби со 1.500 гости, заедно со крстарење по Медитеранот за 1.200 гости и концерт со светски познатата Ријана и бендот „Backstreet Boys“.

Во 2018 година, Амбани ја направи најскапата свадба досега во Индија за неговата ќерка. Се шпекулира дека свадбата чинела 100 милиони долари и вклучувала настап на американската ѕвезда пејачка Бијонсе.

Слични содржини