71
Русија ќе ги преземе неопходните мерки, вклучително и воено-технички, како одговор на агресивната политика на Финска и нејзините сојузници во НАТО, изјави заменик-директорот на Одделот за информации и печат на МНР на Русија, Андреј Настасин.
„Русија нема да го остави без одговор зголемувањето на воените единици на НАТО на нашата граница, што ја загрозува безбедноста на Руската Федерација. Ние, исто така, ќе ги преземеме неопходните мерки, вклучително и воено-техничките, за да се спротивставиме на агресивните одлуки на Финска“, рече тој на брифинг во среда.
За потсетување, претходно финскиот парламент го одобри одбранбениот договор со САД, според кој американската страна ќе добие пристап до 15 воени објекти.