Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам

од Илинка Илиоска
15 прегледи

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и нагласи дека е подготвен да победи во ноември.

-Дозволете ми да го кажам ова што е можно појасно: се кандидирам, никој не ме тера. Не заминувам. Во оваа трка сум до крајот и ќе победиме, рече претседателот, пренесен од американските медиуми.

Како што беше најавено претходно, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во САД.

-Претседателот отсекогаш ни го чувал грбот. Ќе го чуваме и ние неговиот, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур, по состанокот со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на кој присуствуваа 24 демократски гувернери.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, изјави дека сите гувернери ветиле поддршка за Бајден.

-Претседателот учествува во трката за да победи, истакна таа.

Слични содржини