36
На Осман Мехмедагиќ – Осмица, поранешниот директор на Службата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА), му е забранет влез во Хрватска, објави сараевски „Аваз“.
Мехмедагиќ вчера бил вратен од хрватската граница со образложение дека му е забранет влез во Хрватска.
Тој и суспендираниот претседател на Судот на Босна и Херцеговина, Ранко Дебевец беа уапсени во декември минатата година под сомнение за злоупотреба на положбата и фалсификување службени документи.
Тие поминаа речиси три месеци во притвор. Мехмедагиќ имаше и забрана за патување, што важеше до средината на мај.