Животот во Германија станува се поскап. Инфлацијата продолжува да предизвикува раст на цените на многу производи и услуги. Ценети на многу производи во супермаркетите се зголемија, како и кириите и осигурувањето.
Според последниот извештај до Заводот за статистика (ДЕСТАТИС) во Визбаден, стапката на инфлација во јуни 2024 година се очекува да биде 2,2 отсто. Тоа значи дека потрошувачките цени за таа вредност се зголемени во однос на истиот месец лани.
Како што пренесува „Билд“, потрошувачите особено се зачудени со цената на маслата за јадење: половина литар маслиново масло чини неверојатни 9,99 евра, а цената се уште има тенденција да расте. Главна причина за поскапувањето е сушата во главните региони за одгледување (Италија, Грција, Турција).
Поскапуваат и слатките повеќе од 8% повеќе, а алкохолните пијалоци поскапеле за околу 3%, додека газираните пијалоци, соковите итн. поскапеа за цели 5%.
Во Берлин овошните сокови поскапеа за 16 отсто, а тутунските производи за 5 отсто.
Цените на бензините главно останаа стабилни, додека цените на дизелот, на пример во Саксонија, пораснаа за 4,5 проценти.
Најмногу се покачени цените на облеката и обувките, како и сместувањето во хотели и посета на ресторани. На пример, посетата на ресторани во Хесен е поскапа за 7,3 отсто, а престојот во хотели за околу 7 отсто.
Поскапе и осигурувањето, кое на пример, поскапе за околу 12 отсто во Северна Рајна Вестфалија.
Насекаде се зголемени и цените на кириите и дополнителните трошоци за живот, кои секаде поскапеа во просек од 4 до 5 проценти. Во Северна Рајна Вестфалија цените на парното во јуни пораснале за 36 отсто, а во Саксонија за дури 64 отсто.
Добрата вест е што месото и рибата поевтинија во супермаркетите за 2 до 3%. Слично е и со млечните производи и јајцата, кои повторно се поевтини насекаде низ земјава. И струјата поевтини речиси секаде за 5 до 12 отсто, а нафтата за греење околу 3,5 отсто.