Жералд Дарманен: Франција спречи два заговори за терористички напад на Олимпијадата

од Milan1
52 прегледи

Франција спречи два одделни заговори за терористички напад за време на Олимписките игри, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен.

Тој рече дека полицијата извршила „неколку апсења“ во две одвоени операции.

„Тоа не беше објавено во изминатите денови поради изборната кампања, но ние уапсивме луѓе за кои се сомневаме дека планирале терористички напади“, рече Дарманен во интервју за францускиот информативен канал BFM TV.

Слични содржини