Македонските кошаркарски јуниори поразени од Црна Гора

од Milan1
32 прегледи

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години загуби синоќа во Скопје од соодветната селекција на Црна Гора со 92:90 на стартот од подготовките за настап на претстојното Европско првенство во Б дивизијата.

Македонската репрезентација на дуелот против Црна Гора беше во константно водство до завршните четири минути, кога противникот со серија од 8-0 поведе со 88:83 и во неизвесна завршница ја зачува предноста.

Најефикасен во македонските редови беше Марко Луканоски со 14. поени, а додаде и 14. Скокови.

Двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар, кој е закажан за попладнево со почеток од 14. часот, на истото место, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Со двата контролни натпревари против Црна Гора избраниците на селекторот Горан Андреевски ги стартуваат подготовките за настап на Европското првенство во Б дивизијата кое од 26 јули до 4 август ќе се одржи во Скопје

Слични содржини