44
Унгарија ја откажа средбата со германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок закажана за во понеделник во Будимпешта. Откажувањето наводно било од технички, а не од политички причини, соопшти унгарското министерство за надворешни работи.
„Поради непредвидена промена во календарот на министерот, Министерството за надворешни работи побара посетата да се одржи подоцна, се надеваме во блиска иднина“, соопшти Министерството.
Германското министерство соопшти дека е изненадено од откажувањето, и дека е потребна „сериозна и искрена“ дискусија по средбата на унгарскиот претседател Виктор Орбан со рускиот претседател Владимир Путин.