Роналдо проговори по елиминацијата: „Заслужуваме повеќе“

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо проговори по елиминацијата на неговата репрезентација од Европското првенство во Германија.

Португалците не се пласираа во полуфиналето, бидејќи во четвртфиналето беа поразени од Франција по подобро изведување на пенали.

„Сакавме повеќе, заслужуваме повеќе. За нас, за сите вас, за Португалија. Благодарни сме за се што ни дадовте и за се што заслужуваме. На и надвор од теренот, се надевам дека ова ќе биде наградено и дека ќе продолжиме да градиме заедно“, напиша Роналдо.

Португалија успеа да се пласира во четвртфиналето, но таму беше запрена. Ова може да биде последно Европско првенство за него.

Слични содржини