И Африм Гаши замина за Вашингтон

од Milan1
145 прегледи

По реакциите на ДУИ и на Алијанса за Албанците на Зијадин Села дека делегацијата од Македонија што одлета за Вашингтон е моноетничка и дека Албанците се избришани од НАТО, Арбен Таравари информира дека и претседателот на Собранието Африм Гаши утринава тргнал за Вашингтон.

За ова патување на претседателот на Собранието немаше никаква официјална информација.

„На самитот на НАТО зема учество претседателот на Собранието, како претставник на Вреди. Колку што сум запознаен тој денеска изутрина патува таму, така што имаме претставник на Вреди, кој е претставник на самитот на НАТО во Вашингтон“, изјави Арбен Таравари од коалиција Вреди.

Гаши веројатно ќе учествува на Парламентарното собрание на НАТО.

Слични содржини