🎥 Драма на хрватското приморје: Патник висеше на рампата на траект, не купил билет

од Илинка Илиоска
1,8K прегледи

Необичен инцидент се случи вчера на хрватското приморје, а виралното видео брзо се прошири на социјалните мрежи.

Маж висеше на рампата на траектот „Петар Хекторовиќ“ додека тој излегуваше од пристаништето. Облечен во опрема за плажа и со крпа преку рамо. Според компанијата која го поседува траектот, човекот немал билет, пренесоа хрватските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ratko Radišić (@ratkoradisic)

„Станува збор за патник кој се обидел да се качи на траектот без билет. Откако бил забележан на рампата, екипажот брзо интервенирал за да спречи можни понатамошни опасности“, соопшти компанијата.